ПСАЛМИ 112 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Блаженство и награда на верен

1Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди;

2неговото потомство ќе биде силно на земјата, благослов ќе почива врз праведното поколение.

3Благосостојба и богатство ќе биде во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека.

4На чесните им изгрева светлина во темнина: Тој е благ, милостив и праведен.

5Добро му е на човекот кој е милостив и дава на заем, кој ги свршува чесно своите работи.

6Никогаш нема да се поколеба, праведникот ќе биде во вечен спомен.

7Не ќе се плаши од лоши вести, мирно е неговото срце, надевајќи се на Господа.

8Неговото срце е храбро, од ништо не се бои, тој го гледа паѓањето на своите непријатели.

9Тој дели, изобилно им дава на бедните: неговата правда ќе трае довека, неговиот рог ќе се воздигне славно.

10Грешникот ќе го гледа тоа налутено, ќе чкрта со забите и ќе венее, ќе пропадне желбата на нечесните.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help