1Зошто се фалиш со злобата, силнику? Милоста Божја е довека!
2Непрекратно измислуваш нечесност твојот јазик е како наточен брич, лукав!
3Повеќе го сакаш злото отколку доброто, и лагата повеќе од вистината!
4Ги сакаш гибелните зборови, лажлив јазику!
2. Крај на грешник5Затоа Бог ќе те сотре и тебе, ќе те отстрани засекогаш, ќе те истрга од твојот шатор, ќе те откорне од земјата на живите.
6Праведните ќе гледаат со страв и ќе му се потсмевнуваат:
7„Ете го човекот, кој не го зеде, Бога за своја заштита, туку се надеваше на големо богатство и се засили во своите злочини.“
3. Пофалба за праведник8А јас, како зелена маслина, во Божјиот Дом, се надевам на Божјата милост довека.
9Ќе Те славам вечно бидејќи го направи тоа, и ќе го очекувам Твоето име, зашто е благо, пред Твоите свети.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
