МАЛАХИЈА 4 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

1„Зашто еве, доаѓа ден вжарен како печка; горделивите и злосторниците ќе бидат како плева: денот кој наближува, ќе ги изгори - говори Господ над Воинствата - та нема да им остави ни корен ни гранче.

2А вам, кои се боите од Моето име, ќе ви изгрее сонцето на правдата со здравје во крилјата, и вие ќе излегувате потскокнувајќи како телиња на пасење.

3И ќе ги газите беззакониците како прав под нозете во Денот што го подготвувам - говори Господ над Воинствата.

Г. Заклучок1. Заповед за послушност

4Спомнете си за Законот на Мојсеја, Мојот слуга кому на Хорив му ги пропишав законите и уредбите за сиот Израел.

2. Илиево доаѓање пред Господов Ден

5Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен.

6Тој ќе ги обрне срцата на татковците кон синовите, а срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help