ПСАЛМИ 39 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Молитва во тешко време1. Молчење во тагаЗа началник на пејачи: Једутун. Давидов псалм.

1Одлучив: „Ќе го чувам мојот пат, за да не згрешам со јазикот; ќе ја зауздам мојата уста, додека е нечестивиот пред мене!“

2Онемев, замолкнав, не пуштав глас дури и од доброто - болката ми стана погорчлива.

3Срцето пламна во мене, при сама помисла избувнуваше оган; тогаш проговорив со мојот јазик!

2. Желба за просветување

4Кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите денови, за да знам колку сум ништожен.

5Ете, со педа ми ги измери деновите, и векот мој е како ништо пред Тебе; вистина, секој човек што стои цврсто е суета.

6Човекот поминува како сенка, суета е сето негово богатство, збира, а не знае кој ќе го земе!

3. Молитва за избавување

7А сега, на што да се надевам, Господи? Мојата надеж е во Тебе!

8Избави ме од сите мои беззаконија, не оставај да му бидам за потсмев на безумниот!

9Молчам и не ја отворам устата, зашто Ти направи така!

10Отстрани го од мене Твојот бич, зашто издивнувам под тежината на Твојата рака.

11Ти го поправаш човекот со казна, и сѐ што му е најмило го расипуваш како молец; навистина, секој човек е суетен.

12Послушај ја, о Господи, мојата молитва, послушај ги моите повици, не премолчувај на моите солзи! Зашто сум придојденец кај Тебе, како сите мои татковци.

13Сврти го погледот од мене, да здивнам, пред да заминам и да ме нема.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help