1Бог е навистина добар кон Израел, кон оние што имаат чисто срце!
2А мене, за малку, ќе ми се сопнеа нозете, за малку ќе ми се лизнеа чекорите,
3Зашто им завидев на злочинците, набљудувајќи го напредокот на грешниците.
2. Тајна на успех на грешни4Никакво страдање не носат, нивното тело е дебело.
5Не живеат во маките на смртниците, не ги удираат човечките неволји.
6Затоа гордоста е ѓердан на нивниот врат, а насилството облека што ги покрива.
7Од здебеленоста им испакнуваат очите, таа се прелева во срцето.
8Тие се потсмевнуваат и зборуваат злобно, со насилства се закануваат одозгора.
9Со устата се нафрлаат врз небото, а нивниот јазик ја обиколува земјата.
3. Тага на праведник10Затоа мојот народ се враќа и пие изобилно вода,
11Па велат: „Од каде знае Бог? Сознава ли Сѐвишниот?“
12Ете, такви се грешниците: секогаш спокојни, збираат богатство.
13И така, дали само јас го чував напразно моето срце чисто и ги миев рацете во невиност.
14Кога примав удари секој ден, и казна утро по утро?
4. Решение на тајна15Да речев: „Ќе зборувам како нив,“ ете, би бил предавник на родот на твоите синови.
16И размислував како да го сознаам тоа: но ми се гледаше мачно во моите очи,
17сѐ додека не најдов влез во Божјото Светилиште, и го согледав каков им е свршетокот.
18Навистина, Ти ги поставуваш на лизгава патека, ги обрнуваш во пропаст!
19Како одеднаш, тие стигнаа во запустување, погинаа, исчезнаа од ужаси!
20Како што човекот го презира сонот, кога ќе се разбуди, така Господи, ќе го презреш нивниот лик, штом станеш.
5. Увереност во Божјо избавување21Кога мојата душа беше јадосана, а бубрезите прободени,
22Бев безумник без разбирање, како животинче пред Тебе.
23Но отсега секогаш ќе бидам со Тебе, зашто Ти ја прифати мојата десница:
24ќе ме водиш според Твојот совет, за да ме земеш потоа во Својата слава.
25Кого имам јас на небо, освен Тебе? Кога сум со Тебе, ништо не сакам на земјата.
26Премалени ми се телото и срцето: Стено на моето срце, и мое наследство, о Боже, довека!
27Вистина, ќе пропаднат оние, што се оддалечуваат од Тебе, го истребуваш секој, што ќе Те изневери.
28А за мене милина е да бидам во Божја близина, да имам свое засолниште во Тебе, Господи Боже. Ќе ги проповедам сите Твои дела.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.