РИМЈАНИТЕ 10 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

1Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат.

2Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење.

3Имено, не знаејќи, што е Божјата правда и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не ѝ се покорија на Божјата правда.

4Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува.

5Зашто, Мојсеј пишува за праведноста, која е од Законот: „Човекот, кој ја исполнува, ќе живее од неа.“

6А праведноста, која е од верата, зборува вака: „Да не речеш во своето срце: „Кој ќе се искачи на небото?“ односно, да Го симне Христа;

7или: „Кој ќе слезе во бездната?“ односно, да Го изведе Христа од мртвите!

8Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,“ односно, словото на верата, која ја проповедаме.

9Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.

10Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение,

11зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.“

12Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат,

13зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.“

14Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?

15И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!“

16Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој ѝ поверувал на нашата проповед?“

17И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.

18Но велам: „Зар тие не слушнаа?“ Напротив: „Гласот им излезе по целата земја, и нивните зборови до крајот на светот.“

19Пак прашувам: „Зар Израел не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе предизвикам ревност во вас - преку оние, што не се народ и ќе разбудам во вас гнев, против еден неразумен народ.“

20А Исаија пак се осмелува да рече: „Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, и им се јавив на оние, кои не прашуваа за Мене.“

21А за Израел говори: „Цел ден ги протегав Своите раце кон народ непослушен и противречлив.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help