1Ако Господ не го гради домот, напразно се трудат ѕидарите. Ако Господ не го чува градот, напразно бдее стражарот.
2Залудно ви е да станувате пред зората и да седите долго во ноќта, вие што го јадете лебот на трудот: Тој им дава на Своите возљубени и во сон.
3Еве, синовите се дар од Господа, Негова награда е: плодот на утробата.
4Стрела во раката на воинот - тоа се синовите на младоста.
5Блажен е човекот кој со нив ќе ја наполни својата торба, не ќе се засрами, кога ќе разговара со непријателот во вратата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
