ПОСЛОВИЦИ 2 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Г. Награда за оној кој бара мудрост

1Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе,

2и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот;

3да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста;

4ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште -

5тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога.

6Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот.

7Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно.

8Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.

9Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.

10Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.

11Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:

12За да те избави од лош пат, од измамлив човек,

13од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;

14кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;

15чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.

16За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови,

17која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог.

18Зашто куќата ѝ тоне во смрт, и нејзините патишта водат кон мртвите,

19кој влегува при неа, не се враќа никогаш, и не ги наоѓа повеќе патиштата на животот.

Е. Одење по пат на мудрост

20Затоа, оди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците!

21Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа;

22а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help