1 КОРИНТЈАНИТЕ 13 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Љубов

1Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.

2И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум.

3И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.

4Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;

5не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;

6не ѝ се радува на неправдата, а ѝ се радува на вистината;

7сѐ премолчува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи.

8Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби: ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.

9Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,

10но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.

11Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.

12Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.

13А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help