ПСАЛМИ 9 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Фала на Бога за избавување1. Благодарност на Бога за победаЗа пејачкиот началник, според напевот: „Умри за синот!“ Давидов псалм.

1Ќе Те славам, Господи, со целото свое срце; ќе ги раскажувам сите Твои чудесни дела!

2Ќе се радувам и ќе се веселам во Тебе, ќе Му пеам на Твоето Име, Сѐвишни!

3Моите непријатели се вратија назад, паднаа и загинаа пред Твоето лице.

4Зашто Ти ги заштити моето право и моето дело, Ти седна на престолот и пресуди праведно:

5ги изобличи народите, ги истреби нечесните, им го избриша името, за вечни векови.

6Непријателите исчезнаа - запустени засекогаш; Ти им ги разурна градовите - и споменот им го снема.

2. Вера во Божја правда

7Но Господ царува секогаш, го подготви Својот престол за судење.

8И ќе му суди на целиот свет со правда, ќе ги осуди народите справедливо.

9Господ е засолниште на угнетуваните, тврдина на спасението во тешки денови.

10Во Тебе се надеваат оние, кои го знаат Твоето Име, зашто не ги оставаш оние, кои Те барат Господи!

11Пејте Му на Господа, Кој живее на Сион, разгласете ги Неговите дела меѓу народите;

12зашто си спомнува за нив како одмаздникот за крв, и не го заборава викањето на бедните.

3. Молитва за помош

13Смилуј ми се Господи: погледај на моето страдање од моите непријатели; Ти, Кој ме избавуваш од вратите на смртта;

14за да ги навестувам сите Твои пофалби во вратите на Сионовата ќерка, за да се радувам поради Твојата спасителна помош.

4. Сведоштва за Божјиот суд во минатото

15Народите паднаа во јамата, што сами ја ископаа; стапицата што ја ставија тајно, ја фати нивната нога.

16Го познаа Господа - Тој судеше; грешникот се заплетка во сопствените дела.

5. Увереност во ликување на правда

17Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога.

18Зашто бедниот нема да биде заборавен засекогаш; ниту ќе биде изгубена засекогаш надежта на оние во неволја.

19Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека бидат осудени пред Тебе!

20Господи, пушти страв на нив, нека познаат народите дека се луѓе.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help