1Мудрата жена го изградува нејзиниот дом, а лудата го разурнува со рацете.
2Кој живее од чесност, се бои од Господа, а кој оди по страничен пат, Го презира.
3Во устата на лудиот е прачката за неговата гордост, а мудроста ја пазат сопствените усни.
4Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите.
5Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.
6Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење.
7Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.
8Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда.
9На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост.
10Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.
11Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета.
12Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.
13И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.
14Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.
15Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.
16Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.
17Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.
18Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.
19Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.
Ј. Богат и беден20Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.
21Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.
22Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.
23Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.
24На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.
25Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.
26Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.
27Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.
28Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.
29Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост.
30Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските.
31Кој го угнетува бедниот, го навредува неговиот Творец, а кој е милостив кон бедниот Го почитува.
32Нечесниот пропаѓа заради сопствената пакост, а праведникот и при самата смрт наоѓа засолниште.
33Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува.
34Правдата го возвишува народот, а гревот е срам на народите.
35Царската наклонетост е кон разумниот слуга а неговиот гнев - против оној кој го срами.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.