1 ТИМОТЕЈА 6 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

1Робовите, кои се подјармени, да ги сметаат своите господари достојни за секаква почест, за да не се хули Божјото име и науката.

2А оние кои имаат верни господари, да не ги презираат, затоа што се браќа, туку да им служат подобро, зашто оние кои се ползуваат од нивните услуги се верни и возљубени браќа! Така поучувај и проповедај!

Заклучни белешки и упатства

3Ако некој поучува инаку и не ги следи здравите зборови на нашиот Господ Исус Христос и на науката на побожноста,

4тој е надуен и не знае ништо, туку боледува од желба за распрашувања и препирки од кои произлегуваат: зависта, расправиите, хулењата, лукавите сомневања,

5празни препирки меѓу луѓето со изопачен ум и лишени од вистината, кои мислат дека побожноста е средство за печалба.

6Побожноста и е голема печалба кога е здружена со чувство на задоволство.

7Зашто ништо не донесовме на овој свет, ниту можеме да однесеме нешто.

8А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа!

9А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение, во стапица и во многу неразумни и штетни желби, што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел,

10зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу болки.

11А ти, Божји човеку, бегај од сѐ тоа! И стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост, кротост!

12Бори се во добрата борба на верата, зграби го вечниот живот, за кој си повикан, и за кого си дал добра исповед пред многу сведоци!

13Ти заповедам пред Бога, Кој оживува сѐ и пред Христа Исуса, Кој пред Понтие Пилат ја посведочи добрата исповед,

14да ја пазиш заповедта чиста и непорочна до јавувањето на нашиот Господ Исус Христос,

15кое - во свое време, ќе Го открие блажениот и единствениот Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите;

16Кој единствено има бесмртност, живеејќи во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел ниту може да Го види. Нему чест и вечна сила. Амин!

17Заповедај им на богатите на овој свет да не бидат горделиви и да не се надеваат на непостојаното богатство, туку во живиот Бог, Кој ни дава изобилно сѐ за наслада,

18да прават добро, да бидат богати во добри дела, да бидат дарежливи и заедничари;

19да собираат за себе благо како основа за иднината, за да зграбат вистински живот.

20О Тимотеје, пази го она што ти е доверено, и отстранувај се од нечистите и празните разговори и спротивставувањата на лажно нареченото познавање,

21за кое некои се држат и така се отклонија од верата. Благодат со тебе. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help