1 ЦАРЕВИ 21 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

7. Навутеево лозјеа. Ахав сака да земе лозје

1По тие настани се случи ова: Езраелецот Навутеј имаше лозје во Езраел покрај дворецот на Ахава, самарискиот цар,

2и Ахав му рече на Навутеја: „Отстапи ми го своето лозје, да ми биде зеленчукова градина, зашто е близу до мојата куќа. Јас ќе ти дадам за него подобро лозје, или, ако го сакаш тоа, ќе ти дадам сребреници колку што чини.“

3Но Навутеј му рече на Ахава: „Господ да ме запази од тоа да ти го отстапам наследството на своите татковци!“

4Ахав се врати дома гневен и лут заради зборовите што му ги рече Езраелецот Навутеј: „Не ти го давам наследството на своите татковци.“ Легна на постела и го сврти лицето, и не сакаше да вкуси храна.

б. Језавела го одзема лозјето

5Му дојде неговата жена Језавела и рече: „Зошто си нерасположен и не се грижиш за храната?“ Тој ѝ одговори: „Му зборував на Езраелецот Навутеј и му реков: ‘Отстапи ми го своето лозје за сребреници, или, ако ти е помило, ќе ти дадам друго лозје за него’. Но тој ми рече: ‘Не ти го давам своето лозје.’“

7Тогаш неговата жена Језавела рече: „Ти си оној кој царува над Израел! Стани и јади, и биди со добра волја. Јас ќе ти го дадам лозјето на Езраелецот Навутеј.“

8И таа напиша писма во Ахавово име и ги запечати со царскиот печат. Писмата им ги испрати на старешините и главатарите - Навутееви сограѓани.

9Во тие писма напишала: „Прогласете пост и изведете го Навутеја пред народот.

10Ставете спроти него двајца никаквеци кои ќе го обвинат: Ги проколнуваше Бога и царот! Тогаш изведете го и каменувајте го за да загине.“

11И луѓето во Навутеевиот град, старешините и главатарите, направија како што им заповеда Језавела и како што пишуваше во писмата кои им ги упатила.

12Прогласија пост и го ставија Навутеја на чело на народот.

13Тогаш дојдоа двајца никаквеци, и го оптужија Навутеј пред народот: „Навутеј ги проколнуваше Бога и царот.“ И така го изведоа Навутеј надвор од градот, го опсипаа со камења, и тој загина.

14Потоа ѝ порачаа на Језавела: „Навутеј е каменуван и умре.“

15Откако Језавела чу дека Навутеј е каменуван и дека умре, му рече на Ахава: „Стани и земи го лозјето што Езраелецот Навутеј не сакаше да ти го отстапи за сребреници. Навутеј веќе не е жив, тој е мртов.“

16Кога Ахав научи дека Навутеј е мртов, стана и слезе во лозјето на Езраелецот Навутеј за да го земе во сопственост.

в. Илија им претскажува гибел на Ахав и Језавела

17Тогаш му беше упатено Господовото слово на Тесвиецот Илија:

18“Стани и слези во Самарија, во пресрет на Ахава, израелскиот цар. Ене го во Навутеевото лозје во кое слезе за да го земе во сопственост.

19Речи му: ‘Господ вели вака: „Уби и присвои?“‘ Затоа Господ вели вака: ‘На местото каде што кучињата ја лижеа Навутеевата крв, кучињата ќе ја лижат и твојата.’“

20Ахав му рече на Илија: „Ме најде ли, непријателу мој?“ Илија одговори: „Те најдов, зашто си се продал да правиш што е зло во очите на Господа.

21’Еве, тукушто не навлеков несреќа врз тебе. Ќе го изметам твоето потомство, ќе му ги истребам на Ахава: сѐ што моча покрај ѕидот, робовите и слободниците во Израел.

22Ќе направам со твојата куќа како со куќата на Јеровоам, синот Наватов и со куќата на Васа, синот Ахиин, зашто ме расрди и го наведе Израел на грев.’

23И над Језавела Господ рече: ‘Кучињата ќе ја изедат Језавела во Езраелското Поле.’

24Кој од Ахавовиот дом ќе умре во градот, кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, ќе го изедат небеските птици.“

25Навистина, никој не се продаде така како Ахав за да прави што е зло во Господовите очи, зашто го заведуваше неговата жена Језавела.

26Правеше мошне одвратни дела: одеше по идолите токму како што правеа Аморејците, кои што Господ ги протера пред Израелците.

г. Ахавово каење

27Кога Ахав ги чу тие зборови, ги раскина своите облеки и стави вреќиште на телото; и постеше, и спиеше во вреќиштето и одеше наоколу претпазливо.

28Тогаш му дојде Господовото слово на Тесвиецот Илија:

29“Виде ли како Ахав се понижи пред Мене? Бидејќи така се понижи пред Мене, не ќе го пуштам злото за време на неговиот живот; ќе го пуштам злото во времето на неговиот син врз неговата куќа.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help