1Алилуја! Господови слуги фалете Го, фалете Го Господовото Име!
2Благословено да е Господовото Име сега и довека!
3Од изгрејсонце до зајдисонце фалено да е Господовото Име!
4Господ е возвишен над сите народи, Неговата Слава ги надвишува небесата.
5Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој седи во висините
6и ги гледа, одозгора, небото и земјата?
7Го воздига бедниот од правот, го вади сиромашниот од калта,
8за да го седне со првенците, со првенците на Својот народ.
9На неротката ѝ дава да се настани во дом, како радосна мајка на деца.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
