1Бог стои во соборот на боговите, одржува суд среде боговите.
2„До кога ќе судите неправедно, ќе им одите на рака на безбожниците?
3Заштитувајте ги: бедниот и сирачето, дајте им правда на јадникот и сиромашниот!
4Избавете го измачуваниот и слабиот, истргајте го од безбожни раце!“
5Не сфаќаат ниту разбираат, одат во темнина: сите основи на земјата се разлулеани.
6Навистина реков: „Вие сте богови и сите сте синови на Сѐвишниот!“
7Но ќе умрете како сите луѓе, ќе паднете како секој од големите!“
8Боже, стани и суди ја земјата, зашто Си, со право, Господар на сите народи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
