1Оттаму Авраам тргна кон краиштата на Негев и се настани меѓу Кадис и Сур. Додека престојуваше како придојденец во Герар,
2Авраам рече за својата жена Сáра дека му е сестра. И Авимелех, герарскиот цар, ја зеде Сáра при себе.
3Но Бог дојде при Авимелеха ноќе, на сон, и му рече: „Треба да умреш заради жената која ја зеде, зашто таа е омажена жена.“
4А Авимелех не ѝ се беше приближил. Затоа рече: „Господи, зар ќе погубиш праведник?
5Зар тој не ми рече: ‘Таа ми е сестра.’ А таа сама ми рече: ‘Тој ми е брат.’ Ова го сторив со чиста совест и со иеизвалкани раце“
6Бог му одговори на сон: „Знам дека тоа го стори со чиста совест; и Јас те задржав да не згрешиш против Мене; и не оставив да се допреш до неа.
7Сега врати му ја жената на човекот; тој е пророк; ќе моли за тебе, за да останеш во живот. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои.“
Авраамова молитва за Авимелех8Рано наутро Авимелех стана, ги свика сите свои слуги и им кажа сѐ што беше, и луѓето се исплашија многу.
9Потоа Авимелех го повика Авраама и му рече: „Што ни стори! Со што згрешив јас кон тебе, за да ме изложиш мене, и моето царство, на голем грев? Се однесе кон мене како што не чини.
10И така, што имаше на ум - го праша Авимелех - кога правеше така?“
11Авраам одговори: „Навистина сметав дека нема Божји страв во ова место и дека луѓето ќе ме убијат заради мојата жена.
12Освен тоа, таа е навистина моја сестра: ќерка е на татка ми, иако не и на мајка ми, па ми стана жена.
13А кога Бог ме оддалечи од татковиот дом, ѝ реков: „Направи ми ја оваа услуга; каде и да дојдеме, кажи за мене дека сум ти брат.“
14Авимелех зеде овци и говеда, слуги и слугинки и му ги даде на Авраама; му ја врати и жена му Сáра.
15Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти е отворена. Насели се каде што ќе ти се види за добро!“
16А на Сáра ѝ рече: „Еве илјада сребреници, што ги давам на твојот брат: нека ти биде превез пред очите на сите кои се со тебе. Ти си секако оправдана.“
17Авраам му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, неговата жена и неговите слугинки, така што пак можеа да раѓаат.
18Зашто Господ ја затвори секоја утроба, во Авимелеховиот дом, заради Авраамовата жена Сáра.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.