ЗАХАРИЈА 3 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

4. Видение: велесвештеник Исус

1Потоа ми го покажа Исуса, велесвештеникот, Кој стоеше пред Господовиот ангел, и сатаната, што му стоеше оддесно за да го обвинува.

2Господ му рече на сатаната: „Господ да те прекори сатано! Господ, Кој го избра Ерусалим, да те прекори! Не е ли Тој гламна извадена од оган?“

3А Исус беше облечен во валкани облеки додека стоеше пред Господовиот ангел.

4Ангелот им се обрати на оние кои што стоеја пред него и им рече: „Соблечете ги од него тие валкани облеки!“ И му рече: „Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека!“

5И продолжи: „Ставете му чиста капа на главата!“ Тие му ставија чиста капа на главата и го облекоа во скапоцена облека во присуство на Господовиот ангел.

6И Господовиот ангел го опомена Исуса:

7„Господ над Воинствата зборува вака:

Ако одиш по моите патишта и ако ги пазиш моите наредби, ти ќе бидеш управител во Мојот Дом, ќе ги чуваш Моите дворови и ќе ти дадам пристап меѓу оние кои стојат таму.

5. Божји Слуга - Подник

8И така, послушај Исусе, велесвештенику, ти и твоите другари кои се околу тебе, зашто вие сте луѓе познати! Еве, Јас ќе го доведам подникот, Мојот Слуга, и ќе ја отстранам нечесноста на оваа земја во еден ден.

9Зашто еве го каменот што го ставам пред Исуса; на тој камен се седум очи, и врз него ќе врежам натпис - слово е на Господа над Војските.

10Во оној ден - слово е на Господа над Војските - ќе се повикувате еден друг под лозата и под смоквата.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help