2 ЛЕТОПИСИ 2 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Б. Изградба на Храм1. Подготовки за градење на Храм

1Соломон науми да изгради Дом - еден на Господовото Име, а вториот за себе за царски дворец.

2Изброи седумдесет илјади носачи, осумдесет илјади каменоделци во гората и три илјади и шест стотини надгеледувачи.

3Тогаш му ја испрати оваа порака на Хирам, тирскиот цар: „Како што му праќаше на татака ми Давид кедри за да гради дом каде ќе живее, така стори ми и мене.

4Наумив да Му подигнам Дом на Името на Господа, својот Бог, и да Му го посветам, за да се дига пред Него благомирисен темјан, за да се поставуваат секогаш лебови, за да се принесуваат паленици наутро и навечер, во саботите, во деновите на млад месец и во празниците на Господа, нашиот Бог; и така да остане засекогаш во Израел.

5Домот што ќе го изградам ќе биде голем, зашто нашиот Бог е поголем од сите богови.

6Та кој би имал достатно сила за да Му создаде Дом кога не можат да Го опфатат ни небесата ни небесата над небесата? И кој сум јас за да Му ѕидам Дом, освен затоа за да Му се издига кадеж пред лицето?

7Испрати ми човек вешт во обработка на злато, сребро, бронза, железо, црвено сукно, сино и љубичесто, и вешт во уметноста на копаничарство; ќе работи со ракотворците кај мене во Јуда и во Ерусалим, со оние што ми ги остави мојот татко Давид.

8Испрати ми од Ливан кедри, чемпреси и алгуми, зашто знам дека твоите слуги умеат да ги сечат ливанските дрва. Моите слуги ќе работат со твоите.

9Ќе треба да ми подготват многу дрва, зашто куќата што мислам да ја градам ќе биде многу голема и величествена.

10На дрвосечачите што ќе ги оборуваат дрвата им давам дваесет илјади кори пченица, дваесет илјади кори јачмен, дваесет илјади вати вино и дваесет илјади вати масло, за издржување на твоите слуги.“

11Хирам, тирскиот цар, одговори со писмо што му го испрати на Соломона: „Затоа што Го љуби Својот народ, Господ те зацари над него.“

12Го додаде уште и ова: „Господ, Израелевиот Бог, Кој ги создаде небесата и земјата, нека те благослови! Тој му даде на царот Давид мудар, умен и разумен син кој ќе гради еден Дом за Господа, а вториот за себе за да царува од него.

13Затоа ти праќам мудар, вешт и разумен човек, Хирам Авив,

14син на една Дановите ќерки и на татко Тирец. Умее да обработува злато, сребро, бронза, железо, камен, дрво, црвено сукно, љубичеста свилена ткаеница, тенко платно и отворено-црвено сукно, умее да реже секакви копаничарства и да замисли секакво дело што ќе му се довери. Тој ќе работи со твоите уметници и со уметниците на мојот господар Давид, твојот татко.

15И така, сега мојот господар нека им испрати на своите слуги пченица, јачмен, масло и вино како што вети.

16А ние ќе насечеме стебла од Ливан колку што ти треба, и ќе ги довеземе на сплавови по море во Јафа, а ти превези ги горе во Ерусалим.“

17Соломон ги преброи сите странци кои се затекнаа во Израелевата Земја по пописот што го беше спровел неговиот татко Давид, и ги најде сто педесет и три илјади и шест стотини.

18Од нив одреди седумдесет илјади носачи, осумдесет илјади каменоделци во планината, три илјади и шест стотини луѓе за да управуваат со работата на народот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help