1Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е на служба во црквата во Кенхреа:
2да ја примите во Господа, како што им прилега на светите, и помогнете ѝ во сѐ, во што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина и на мене самиот.
3Поздравете ги моите соработници во Христа Исуса: Прискила и Акила,
4кои ги подметнаа своите вратови за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви од народите,
5и црквата во нивниот дом! Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод за Христа од Азија!
6Поздравете ја Марија, која се трудеше многу за вас!
7Поздравете ги Андроника и Јунија, моите роднини и другари во заточеништвото; кои се угледни меѓу апостолите и кои поверуваа во Христа пред мене.
8Поздравете го мојот возљубен во Господа Амплија!
9Поздравете ги: нашиот сотрудник во Христа - Урбан и мојот возљубен Стахиј!
10Поздравете го Апелиј, испитаниот во Христа! Поздравете ги оние од кружокот на Аристовулови!
11Поздравете го мојот роднина Иродион! Поздравете ги оние и од Наркисовиот кружок, кои се во Господа!
12Поздравете ги Трифена и Трифоса, жените, кои се трудат во Господа! Поздравете ја возљубената Персида, која се трудеше многу во Господа!
13Поздравете го Руф, избраниот во Господа, и неговата мајка и моја!
14Поздравете ги Асинкринта, Флегонта, Ерма, Патрова, Ермија и браќата, кои се со нив!
15Поздравете ги Филолога и Јулија, Ниреја и неговата сестра, потоа Олимпана и сите свети, кои се со нив!
16Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите Христови цркви.
17Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои прават раздори и соблазни против науката, која вие ја научивте, и отстранувајте се од нив!
18Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот желудник, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.
19Вашата послушност им е позната на сите. Затоа се радувам со вас, но сакам да бидете мудри за доброто, а прости за злото!
20А Бог на мирот ќе го сотре наскоро сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас. Амин!
21Ве поздравуваат: мојот соработник Тимотеј и моите роднини: Луциј, Јасон и Сосипатар.
22Ве поздравувам во Господа јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо.
23Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравуваат градскиот благајник Ераст и братот Кварт.
24Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас!
Славопој25А на Оној, кој може да ве утврди преку моето Евангелие и проповедта за Исуса Христа, преку откровението на тајната, за која се молчеше од вечни времиња;
26а сега се јавила и по заповедта на вечниот Бог, а преку пророчките списи, соопштена на сите народи, приведувајќи ги кон послушност на верата,
27- на единствениот премудар Бог да биде слава - преку Исуса Христа - во сите векови. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.