1Алилуја! Моја душо, фали Го Господа!
2Ќе Го фалам Господа додека сум жив, додека ме биде, ќе Му пеам на мојот Бог.
3Не надевајте се на кнезовите, ниту во човечки син, од кого нема спасение!
4Ако излезе духот од него, тој се враќа во својата земја, и во тој ден пропаѓаат сите негови мисли.
2. Мудрост во надежта на Бога5Блажен е оној, кому му е помошник: Јакововиот Бог, чија надеж е во Господа, неговиот Бог,
6Кој ги создаде: небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; Кој останува верен довека.
7На угнетените им враќа правда, а на гладните им дава леб. Господ ги ослободува врзаните.
8Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа наведнатите, Господ ги љуби праведните.
9Господ ги заштитува туѓинците, ги поткрепува сираците и вдовиците, а на грешниците им ги метка патиштата.
10Господ ќе царува довека, твојот Бог, Сионе, од колено до колено. Алилуја!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
