1Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител!
2Да застанеме пред Неговото лице со благодарности, да Му воскликнуваме со песни!
3Зашто величествен е Господ, нашиот Бог, велик Цар над сите богови.
4Во Неговите раце се земските длабочини, Негови се планинските височини.
5Негово е морето, Тој го создаде, и копното, што го направија Неговите раце.
6Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да Му се поклониме на Бога, нашиот Создател.
7Зашто Тој е наш Бог, а ние народ на Неговото пасиште, овци што Тој ги чува.
2. Важно предупредувањеО послушајте Му го гласот денес:
8„Не бидете со тврди срца како во Мерива, како во денот кога Ме искушувавте во пустината,
9кога вашите татковци Ме испитуваа, а иако ги видоа Моите дела.
10Четириесет години ме јадосуваше тоа поколение, па реков: „Народ се со непостојано срце, и не врват по Моите патишта.“
11Затоа се заколнав во Мојот гнев: „Никогаш нема да влезат во Мојот покој!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
