1 ТИМОТЕЈА 2 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

За молитвата и држањето на жената

1Така, пред сѐ да се прават просби, молитви, молби, благодарности за сите луѓе,

2за царевите и за сите кои се на власт, за да можеме да проживееме тих и мирен живот во сета побожност и чесност.

3Ова е добро и угодно пред Бога, нашиот Спасител,

4Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познавање на вистината.

5Зашто Бог е Еден, и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,

6Кој се даде Себеси како откуп за сите, за сведоштво во вистинско време;

7за кое јас бев поставен за проповедник и апостол - вистина велам, не лажам - за учител на народите во верата и вистината.

8И така, сакам мажите да се молат на секое место, подигајќи ги светите раце без гнев и препирка.

9Исто така и жените да се украсуваат во пристојна облека, скромно и претпазливо, не со плетенки и злато, или со бисери или со скапоцени облеки,

10туку со добри дела, како што им прилега на жените, кои исповедуваат дека се побожни.

11Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!

12А на жената не ѝ дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.

13Зашто, прво беше создаден Адам, потоа Ева.

14И Адам не беше измамен, туку жената беше измамена, и падна во престап.

15Но таа ќе биде сочувана со раѓање на деца; ако останат во верата и љубовта и во светоста со умереност.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help