ПРОПОВЕДНИК 11 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

В. Плодотворен живот1. Милосрдни дела

1Фрли го својот леб во водата, и ќе го најдеш после многу време.

2Раздели им на седуммина или осуммина, зашто не знаеш какво зло ќе ја снајде земјата.

3Кога облаците ќе се наполнат со дожд, ја истуруваат на земја; ако падне дрво кон југ или кон север, сеедно: каде ќе падне таму и станува.

4Кој внимава на ветерот, не сее и кој гледа на облаците, не жнее.

5Како што не знаеш кој е патот на ветерот и како растат коските во утробата на трудна жена, така не ги знаеш ни делата на Бога, Кој создаде сѐ.

6Наутро сеј го своето семе а навечер твојата рака нека не почива, зашто не знаеш дали ќе биде подобро ова или она, или двете ќе бидат еднакво добри.

7Мила е светлината и пријатно е да се види со очите сонцето.

8Но ако човекот живее и многу години, нека се весели секогаш, и нека си спомни дека ќе има многу темни денови. Суета е сѐ што ќе дојде.

2. Детство и младост - суета

9Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сѐ тоа.

10Затоа, отстрани ја лутината од своето срце и отстрани го лукавството од своето тело. Но детството и младоста се суета.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help