1Софар Нааматецот проговори тогаш и рече:
2Зар да не се одговори на многуте зборови? Зар многузборливиот уште и ќе се оправда?
3Зар твоето празно брборење ќе ги замолчи луѓето? Зар подигрувањето ќе остане неисмеано?
4Рече: „Моето учење е непорочно, чист сум во Твоите очи и без дамка.“
5Но ако Бог сакаше да проговори и да ја отвори устата за да ти одговори,
6и да ти ги открие тајните на мудроста што ниеден ум не може да ги сознае, ќе знаеше дека ти бара сметка за гревовите.
б. Тој ги изнесува Божјото величие и Сѐмоќност7Можеш ли да проникнеш во Божјите длабочини? Можеш ли да го доловиш совршенството на Сѐдржителот?
8Повисоко е од небото: уште што да сториш? Подлабоко е од Шеолот: уште што да мудруваш?
9Подолго е од земјата - пошироко е од морето!
10Ако се повлече, ако те гребне, ако те предаде на суд, кој ќе Му брани?
11Зашто Тој ја знае суетата на луѓето, ја гледа нечесноста и нема ли да внимава?
12Но горделивиот човек е лишен од разум, и човекот се раѓа како диво осле.
в. Тој го призовува Јова на покајание и поправање13Ако ти го исправиш своето срце и ги испружиш своите раце кон Него,
14ако го отфрлиш лошото од рацете и ако не му дадеш простор на злото во својот шатор,
15тогаш ќе можеш да издигнеш чисто чело, ќе бидеш цврст и не ќе се боиш.
16Не ќе си спомнуваш веќе за своите искушенија, како ни за водата што истече.
17Твојот живот ќе блеска појасно од пладнето, темнината ќе се претвори во зора.
18Ќе живееш спокојно во својата надеж и заштитен ќе почиваш во мир.
19Кога ќе легнеш, никој не ќе те заплаши, мнозина ќе ја бараат твојата наклоност.
20А на злосторниците ќе им згаснат очите, не ќе има веќе засолниште за нив: единствената надеж ќе им биде: да издивнат.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
