1Благодарете Му на Господа, зашто е благ: Вечна е Неговата милост!
2Благодарете Му на Бога над боговите: Вечна е Неговата милост!
3Благодарете Му на Господарот над господарите: Вечна е Неговата милост!
2. Фала Му на Бога - Творец4Единствено Тој прави големи чудеса: Вечна е Неговата милост!
5Тој ги создаде премудро небесата: Вечна е Неговата милост!
6Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост!
7Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост!
8Сонцето да владее со денот: Вечна е Неговата милост!
9Месечината и ѕвездите да владеат со ноќта: Вечна е Неговата милост!
3. Фала Му на Бога - Избавител на Израел10Тој ги погуби првородените во Египет: Вечна е Неговата милост!
11Го изведе Израел од среде него: Вечна е Неговата милост!
12Со силна рака со испружена мишка: Вечна е Неговата милост! Тој го раздвои Црвеното Море: Вечна е Неговата милост!
14Го преведе Израел низ неговата средина: Вечна е Неговата милост!
15И ги фрли: Фараонот и неговите војски во Црвеното Море: Вечна е Неговата милост!
16Тој го водеше Својот народ низ пустината: Вечна е Неговата милост!
17Тој ги удри големите цареви: Вечна е Неговата милост!
18И погуби големи цареви: Вечна е Неговата милост!
19Аморејскиот цар Сион: Вечна е Неговата милост!
20Васанскиот цар Ог: Вечна е Неговата милост!
21И нивната земја му ја даде во наследство! Вечна е Неговата милост!
22Во наследство на Израел, на Својот слуга: Вечна е Неговата милост!
4. Фала Му на Бога за Неговата непрекратна љубов23Тој си спомна за нас, во нашето понижување: Вечна е Неговата милост!
24Нѐ ослободи од нашите непријатели: Вечна е Неговата милост!
25Тој му дава храна на секое тело: Вечна е Неговата милост!
5. Заклучна благодарност26Славете Го небесниот Бог, зашто Неговата милост е довека!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
