РУТА 3 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

ВОЗОВА ОДЛУКА 3:1-18А. Ноемина ја советува Рута

1Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, да ти побарам мирно место каде би можела да бидеш среќна?

2Гледаш, Воз, со чии трудбеници беше, е наш роднина. Еве, тој ќе вее ноќеска јачмен на гумното.

3Измиј се и намачкај се, облечи се убаво па отиди на гумното. Не оставај да те препознае пред да се најаде и напие.

4Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.“

5Таа ѝ одговори: „Ќе направам сѐ како што ми велиш.“

Рута го послушува Ноеминиот совет. Воз решува да дејствува

6И слезе на гумното и направи сѐ како што и повели свекрвата.

7А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна.

8И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе.

9“Која си?“ - праша тој, а таа одговри: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател.“

10“Господ да те благослови, ќерко моја! - рече - ова твое добро дело што го направи сега е уште подобро од првото, зашто не отиде да бараш млади луѓе, ни богати ни бедни.

11И затоа, ќерко моја, не плаши се сега; ќе сторам сѐ за тебе што ќе побараш, зашто сите врати на мојот народ знаат дека си чесна жена.

12Да, навистина сум ти старател; но има уште поближен од мене.

13Остани ноќеска, ако утре тој, како старател, сака да те земе, добро, нека те земе; а ако нејќе, ќе те земам јас; жив Господ! Спиј до утрото!“

В. Рута се враќа при Ноемина

14И таа спиеше покрај неговите нозе до утрото. Тој стана пред да може човек човека да препознае, зашто мислеше: „Не треба да знаат дека жена била на гумно.“

15И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе и држи ја добро.“ Таа ја придржа а тој ѝ тури шест мери јачмен, па ѝ ја поткрена. И таа отиде во градот.

16Кога стигна, свекрвата ја праша: „Што е со тебе ќерко моја?“ А таа ѝ раскажа сѐ што сторил човекот за неа.

17И додаде: „Овие шест мери јачмен ми ги даде, велејќи: ‘Не смееш да се вратиш при свекрвата со празни раце.’“

18Таа ѝ рече: „Биди спокојна, ќерко моја, додека не видиш што ќе биде: зашто тој нема да има спокојство додека не докрајчи сѐ уште денес.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help