1„Здивот ми исчезнува, моите денови гаснат, ми останаа уште гробиштата.
2Еве, потсмевачите ме грабнаа, од навреди не можам да затворам око.
3Затоа заштити ме и биди ми сигурност, кога никој друг нејќе да ми удри во дланката.
4Зашто, ги лиши од разумот нивните срца и не ќе им дозволиш да се издигнат.
5Како тој што имотот им го дели на другарите, така гаснат очите на неговите деца.
6На сите народи им станав за потсмев, оној - кому секој може да му плукне во лицето.
7Од тага видот ми се помрачува во очите, моите делови на телото стануваат како сенка.
8Заради тоа праведниците ќе се зачудат, чесните ќе избувнат против безбожниците;
9непорочните ќе истраат во својот пат, човекот со чисти раце ќе зајакне уште повеќе.
10Ајде, сите вие, нема ли да почнете пак, па меѓу вас не наоѓам мудар!
11Дните поминаа, замислите пропаднаа, желбите на моето срце се изјаловија.
12„Во најцрната ноќ, денот наближува; веќе е близу светлината до темнината.“
13А мене ми е надеж да отидам во гробот и да си постелам легло во темнина.
14Извикав кон распадливоста: „Ти си мој татко!“ и кон црвите: „Вие сте ми мајка и сестра!“
15Ама каде има уште надеж за мене? Кој ќе ја види мојата среќа некогаш?
16Таа ќе слезе со мене во гробот, да се одмориме заедно во правот.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
