ЈАКОВ 5 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Предупредување за богатите

1Послушајте сега, вие богати: плачете и ридајте над неволјите, што идат на вас.

2Вашето богатство изгни, и молците ги изедоа вашите раскошни облеки.

3Вашето злато и сребро за’рѓа; и нивната ‘рѓа ќе биде сведоштво против вас, и како оган ќе ги проголта вашите тела. Насобравте богатство во последните денови.

4Еве, платата на работниците, кои ги ожнија вашите ниви, што вие им ја скусивте, вика, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ над Силите.

5Вие живеевте на земјата раскошно и разуздано; ги потхранивте своите срца, како за денот на клање.

6Го осудивте, го убивте праведникот; и тој не ви се противи.

Бодрење и разни совети

7И така, бидете трпеливи, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не го прими раниот и доцниот дожд.

8Чекајте трпеливо и вие, зацврстете ги своите срца, зашто е близу Госповото доаѓање.

9Не воздивнувајте, браќа, еден против друг, за да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.

10За пример на злострадањата и на долготрпението земете ги, браќа, пророците, кои зборуваа во Господово име.

11Ете, блажени ги наречуваме оние, кои претрпеа. Чувте за трпењето на Јов, а видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е многумилостив и сочувствителен.

12А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга клетва! Вашето „да“, да биде „да“, а вашето „не“ - „не“, за да не паднете под суд.

13Страда ли некој меѓу вас, нека се моли; весел ли е некој, нека Го фали Бога.

14Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа,

15и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.

16И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.

17Илија беше човек по природа ист како и ние, и се помоли со молитва да нема дожд и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.

18И пак се помоли, па небото даде дожд, и земјата го произведе својот плод.

19Браќа мои, ако некој се отклони од вистината, и некој го го поврати,

20нека знае дека оној, кој ќе го врати грешникот од неговиот заблуден пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие мноштво на гревови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help