1Старешината до возљубениот Гај, кого го љубам во вистина.
2Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сѐ и да бидеш здрав, како што ѝ е добро на твојата душа.
Пофалба за добротворство3Имено, многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина, како ти одиш во вистина.
4За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистина.
5Возљубен мој, постапуваш верно во сѐ што правиш за браќата, и тоа за туѓинците,
6кои пред црквата ја посведочија твојата љубов; ќе направиш добро, ако ги испратиш по начин, како што е достојно пред Бога,
7зашто тргнаа поради Неговото име, не примајќи ништо од народите.
8И така, ние сме должни да ги примаме таквите, за да станеме соработници за вистината.
Властољубие на Диотреф9Ѝ пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.
10Затоа ако дојдам таму, ќе потсетам за неговите дела, што ги врши, напаѓајќи нѐ со лоши зборови, и не се задоволува со тоа, туку сам не ги прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им забранува и ги гони од црквата.
11Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро од Бога е; кој прави зло, не Го видел Бога.
12За Димитрија имаше сведоштво од сите - и од самата вистина. А и ние сведочиме; а знаеш дека нашето сведоштво е вистинско.
Поздрав13Имав да ти пишувам многу, но не сакам да ти пишам со мастило и перо,
14а се надевам дека ќе те видам скоро, и ќе разговараме усно.
15Мир со тебе! Те поздравуваат пријателите! Поздрави ги пријателите по име.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
