1Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала!
2Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар!
3Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир!
4Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките!
2. Суд над народи и племиња5Нека се радуваат светите славно, нека извикуваат радосно од своите постели!
6Нека им бидат на устите слава кон Бога, а во рацете мечеви остри од двете страни,
7за да извршат одмазда над народите, и казна над племињата;
8за да им ги фрлат царевите во вериги, а благородниците во железни окови;
9за да го извршат над нив одамна напишаниот суд - нека им биде на чест на сите Негови свети! Алилуја!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
