1И стана оттаму и дојде во пределите на Јудеја, од онаа страна на Јордан; и пак народот Му се придружи, а Тој ги поучу-ваше, според Својот обичај.
2И Му пристапија фарисеите и Го пра-шаа, за да Го искушуваат: „Дозво-лено ли му е на мажот, да ја остави жената?“
3А Тој им одговори и рече: „Што ви заповеда Мојсеј?“
4Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да ѝ се напише разводно писмо и да се остави.“
5Но Исус им рече: „Зара-ди вашето кораво срце - тој ви ја напиша таа заповед.
6Но, во почетокот на создавањето, Бог ги создаде: машко и женско.
7Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до жена си;
8и двајцата ќе бидат едно тело. И така, не се веќе две - а едно тело.
9И така, Бог што соединил, чове-кот да не раздвојува.
10И дома, учениците пак го прашаа за тоа.
11И Тој им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, прави прељуба спрема неа.
12И ако таа го напушти мажот и се омажи за друг, прави прељуба.
13И Му донесуваа дечиња, за да ги допре, а учениците ги укоруваа.
14А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: „Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство!
15Ви-стина ви велам, кој не го прима Божјото Царство како мало дете, нема да влезе во него.“
16И ги прегрна и ги благослови, положувајќи ги рацете врз нив.
Богат младич17И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?“
18А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.
19Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почи-тувај ги татка си и мајка си!“
20Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.“
21А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сѐ што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!“
22А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.
23И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!“
24А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, оние кои се надеваат на богатство!
25Полесно ѝ е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!“
26А тие се зачудија уште повеќе, велеј-ќи си еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси?“
27Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога не е; зашто за Бога сѐ е можно!“
28Петар почна да Му зборува: „Гледај, ние оставивме сѐ и одиме по Тебе!“
29Исус пак одговори и рече: „Вистина ви велам: нема никој, кој ќе остави куќа или браќа, или сестри, или мајка или татко, или деца, или ниви, заради Мене и заради Евангелието,
30а да не прими, сега стократно, во ова време: куќи, и браќа, и сестри, и мајки, и деца и ниви - заедно со гонењата - а во идниот век: вечен живот.
31Но мнозина први ќе бидат последни, а последните - први.“
Исус по третпат ги претскажува Својата смрт и Воскресението32А кога беа на пат искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, и се чудеа; а оние кои одеа по Него се боеја. И пак ги собра Дванаесет-мината и почна да им кажува што ќе Му се случи:
33“Ете, одиме горе во Ерусалим и Човечкиот Син ќе биде предаден на главните свеште-ници и на книжниците и ќе Го осудат на смрт, и ќе Го предадат на многубошците;
34и ќе Го исмеат, ќе Го плукаат, ќе Го бичуваат и ќе Го убијат, а Тој по три дни ќе воскресне.“
Зеведеевите синови бараат први места35И Му пристапија Јаков и Јован, Зеведеевите синови, и Му рекоа: „Учителе, сакаме да ни сториш, што ќе побараме од Тебе.“
36Тој ги праша: „Што сакате да ви направам?“
37Тие пак Му рекоа: „Дај ни да седнеме еден оддесно, а еден одлево, до Тебе во Твојата слава!“
38А Исус им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што Јас ја пијам или да се крстите со крштавањето со кое Јас се крштавам?“
39Тие Му одговорија: „Можеме!“ Но Исус им рече: „Ќе ја пиете чашата што Јас ја пијам и ќе бидете крстени со крштавањето со кое Јас се кршта-вам;
40но да се седне оддесно или одлево до Мене, тоа не го давам Јас, а ќе им се даде на оние, за кои е приготвено.“
41А Десетмината кога чуја, почнаа да негодуваат против Јакова и Јована.
42Но Исус ги повика при Себе и им рече: „Знаете дека оние, кои се сметаат за владетели на народите - господарат над нив; и дека нивните големци имаат власт над нив.
43Но меѓу вас не е така; а кој сака да биде голем меѓу вас нека ви биде слуга!
44А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите,
45зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!“
Исцелување на слепиот Вартимеј46И дојдоа во Ерихон. А кога излегуваше од Ерихон, со Своите Ученици и со големо множество, Вартимеј, Тимеевиот син, слеп просјак, седеше покрај патот.
47И штом чу дека тоа е Исус Назарее-цот, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“
48А мнозина му се закануваа да молчи, но тој викаше уште посилно: „Давидов сине, смилувај ми се!“
49Исус застана и рече: „Повикајте го!“ И го повикаа слепецот и му рекоа: „Не бој се! Стани, те вика!“
50А тој ја фрли својата наметка, скокна и дојде при Исуса.
51Исус пак проговори: „Што сакаш да ти сторам?“ А слепецот Му одговори: „Учителе, да прогледам!“
52Тогаш Исус му рече: „Оди си - твојата вера те спаси!“ И веднаш прогледа и тргна по Него, по патот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.