1Душо моја, мирот е само во Бога, спасението е само во Него.
2Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам.
3До кога ќе се нафрлате врз бедниот, за да го сотрете сите заедно, како разурнат ѕид или навалена ограда?
4Се заверија да ме фрлат од мојата висина, уживаат во лага; благословуваат со устата, а колнат со срцето.
2. Надеж на вера5Душо моја, мирот е само во Бога, мојата надеж е само на Него.
6Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам.
7Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште.
3. Поттикнување кон вера8Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште!
9Синовите на луѓето се суетни, лага се човечките синови: Сите да застанат на мерилка, ќе бидат полесни од суетата.
10Не се надевајте на насилие, ниту се фалите суетно со ограбеното; ако ви се зголеми богатството, вашето срце нека не се прилепи кон него.
11Бог рече едно, а јас чув две: „Силата е во Бога!“
12Господи, во Тебе е добрината! Ти му враќаш секому според делата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
