ЛУКА 7 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Исцелување на стотниковиот слуга

1А кога ги сврши сите Свои зборови, во ушите на народот, влезе во Капернаум.

2А слугата на еден стотник - кого тој го почитуваше - беше болен на умирање.

3И кога чу за Исуса, испрати при Него јудејски старешини, за да Го замолат да дојде и да му го излекува слугата.

4А кога стигнаа при Исуса, Го молеа усрдно, велејќи: „Заслужува да го направиш тоа за него,

5зашто го љуби нашиот на-род. И синагога ни изгради.“

6Исус тргна со нив. И кога веќе не беше далеку од куќата, стотникот испрати пријатели да Му речат: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив.

7Затоа и не се сметав достоен да Ти пристапам - туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави!

8Зашто исто и јас сум човек под власт, и имам потчинети војници; и на едниот му велам: ‘Оди!’ и тој оди; а на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и го прави.“

9Кога го чу тоа, Исус се зачуди и се заврте кон народот, што врвеше по Него и рече: „Ви велам, толкава вера не најдов ни во Израел.“

10И кога испратените се вратија дома, го најдоа слугата здрав.

Воскресение на момче во Наин

11Потоа Исус отиде во градот наречен Наин; а со Него одеа Неговите ученици и големо мно-жество.

12А кога се приближи до градската врата, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка му, која беше вдовица и со неа имаше големо множество од градот.

13А кога Господ ја виде, се сожали на неа и ѝ рече: „Не плачи!“

14Тогаш се приближи и го допре носилото - носителите пак застанаа - и рече: „Момче, тебе ти зборувам, стани!“

15Мртвиот седна и почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му.

16И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас“ и „Бог го посети Својот на-род.“

17И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.

Пратеници на Јована Крстител

18Му соопштија на Јована за сѐ тоа неговите ученици.

19А Јован повика двајца свои ученици и ги испрати при Господа да Го прашаат: „Ти ли си Оној, Кој треба да дојде или да чекаме друг?“

20Кога овие мажи дојдоа при Него, рекоа: „Јован Крстител нѐ прати при Тебе, велејќи: Ти ли си Оној, Кој треба да дојде, или да чекаме друг?“

21Во тој час исцели мнозина од болести, маки и зли духови, и на мнозина слепци им подари вид.

22Тогаш ним им одговори: „Одете и раскажете му на Јована што видовте и чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат, лепро-зните се очистуваат, глувите прослушуваат, мртвите стануваат и на бедните им се проповеда Евангелието;

23и блажен е оној, кој не ќе се соблазни во Мене!“

24А кога Јовановите пратеници си отидоа, почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли, што ветерот ја лулее?

25Или, што излеговте да видите? Човек облечен во меки облеки? Ете, луѓето, кои носат сјајни облеки и живеат раскошно, се во царските дворци.

26Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам и повеќе од пророк!

27Тој е оној, за кого е пишано: „Ете, го праќам Мојот Ангел пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе!“

28Ви велам: меѓу родените од жени никој пророк не е поголем од Јована; но најмалиот во Божјото Царство е поголем од него.“

29И сиот народ, кој чу - и цариниците - ја признаа Божјата правда, зашто беа крстени со Јовановото крштавање.

30А фарисеите и закониците го отфрлија она, што Бог сакаше да направи со нив, и не го примија неговото крштавање.

31А со кого да ги споредам луѓето од ова поколение? Кому му се слични?

32Тие се како децата, кои седат по пазариштата и си викаат едни на други: ‘Ви свиревме и не игравте! Ридавме и не плачевте!’

33Зашто дојде Јован Крстител, ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: „Бес има!“

34Дојде Човечкиот Син, Кој јаде и пие, а велите: „Ете, изедник и пијаница, пријател на цари-ниците и грешниците!

35И ја оправдаа мудроста сите нејзини чеда!“

Проштавање на грешница

36Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него. Тој влезе во фарисеевиот дом и прилегна до трпезата.

37И ете, една жена од градот, која беше грешница, кога научи дека Тој е прилегнат до трпезата во фарисеевата куќа, донесе со себе алабастрен сад со миро,

38и застана зад Неговите нозе плачејќи и почна да Му ги мие нозете со солзи, да ги брише со својата коса; и ги целиваше Неговите нозе и ги помазуваше со миро.

39И кога го виде тоа фарисејот, кој Го повика, рече во себеси: „Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, која се допира до Него: дека е грешница.“

40А Исус пак му одговори и рече: „Симоне, имам да ти кажам нешто.“ А тој: „Учителе, кажи!“

41Рече: „Двајца му беа должни на еден заемодавач; едниот му должеше пет стотини динарии, а другиот педесет.

42А бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на двајцата. И така, кој од нив ќе го возљуби повеќе?“

43Симон одговори: „Мислам оној кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди!“

44И кога се заврте кон жената му рече на Симона: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти не ми даде вода за нозе, а таа со солзи ми ги облеа нозете и со својата коса ги истри.

45Ти не ми даде целив, а таа откако влегов, не прекратува да Ми ги целива нозете.

46Ти не ми ја помаза главата со масло, а таа Ми ги помаза нозете со миро.

47Затоа, ти велам, простени ѝ се многу гревови, зашто имаше многу љубов; кому малку се простува - малку љуби.“

48А нејзе ѝ рече: „Простени ти се гревовите.“

49А тие, кои беа заедно покрај трпезата, почнаа да зборуваат во себе: „Кој е Овој, Кој и гревови про-штава?“

50А на жената ѝ рече: „Твојата вера те спаси! Оди си со мир!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help