1Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, та го одзеде Гат со неговите села од филистејските раце.
2Ги порази и Моавците и ги измери со јаже, откако ги полегна по земјата: измери две јажина од оние што треба да бидат погубени, а едно цело јаже од оние што треба да бидат оставени живи. Така Моавците станаа Давидови поданици, кои му донесуваа данок.
3Давид го порази и Адад-Езера, синот Реовов, совскиот цар, кога излезе да ја прошири својата власт до Реката.
4Давид зароби од него илјада и седум стотини коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги исече жилите на сите коњи на бојните коли; остави само сто.
5Дамаските Сиријци му дојдоа на помош на Адад-Езер, совскиот цар, ама Давид истепа меѓу Сиријците дваесет и две илјади луѓе.
6Постави намесник во Дамаскиот Арам. Така Арамејците (Сиријците) станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.
7Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.
8Од Ветах и од Виротај, Адад-Езерови градови, цар Давид донесе многу бронза.
9Кога ематскиот цар Тој, чу дека Давид ја порази сета Адад-Езерова војска,
10му го испрати својот син Јорам на Давида за да го поздрави и за да му честита зашто војуваше против Адад-Езер и зашто го порази, зашто Адад-Езер беше во војна со Тој; Јорам донесе сребрени, златни и бронзени предмети.
11И нив царот Давид Му ги посвети на Господа со среброто и златото што го беше зел од сите народи кои ги покори:
12од Сиријците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците, и од пленот на Адад-Езер, синот Реовов, царот на Сова.
13Давид придоби нова слава кога на враќање ги порази Едомците, во Солената Долина, нив осумнаесет илјади.
14И постави управители во Едом, и сите Едомци станаа Давидови поданици. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.
15Давид царуваше над сиот Израел правејќи му правда и праведност на сиот свој народ.
16Јоав, синот Серуин, заповедаше со војската, а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец.
17Садок, синот Ихитовов, и Ахимелех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар;
18Венај, синот Јодаев, им заповедаше на Херетејците и Фелетејците; а Давидовите синови беа главни управители.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.