ИСУС НАВИН 12 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Ј. Пребројување на покорените цареви1. Цареви на Источен Ханаан

1Овие се земните цареви што Израелците ги победија и ја освоија нивната земја од онаа страна на Јордан кон исток, од потокот Арнон до гората Ермон, со сета Араба на исток:

2Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;

3и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сѐ до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга.

4Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин.

5А владееше со гората Ермон и Салх, со целиот Васан сѐ до гесурската и махатската меѓа, па со другата половина од Галад сѐ до границата на Сион, есевонскиот цар.

6Мојсеј, Господовиот слуга, и Израелевите синови сите ги погубија, и Мојсеј, Господовиот слуга, им ја предаде таа земја во сопственост на Рувимовото племе и Гадовото племе и на половината Манасиево племе.

2. Цареви на Западен Ханаан

7А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови,

8во Горјето, во Шефел, во Араба и по стрмнините, во Пустината па во Негев: земјата хетејска, аморејска и ханаанска, ферезејска, евејска и евусејска

9ерихонскиот цар, еден, царот на Гај кај Ветил, еден:

10ерусалимскиот цар, еден; хевронскиот цар, еден;

11јармутскиот цар, еден; лахискиот цар, еден;

12еглонскиот цар, еден: гезерскиот цар, еден;

13давирскиот цар, еден; гадерскиот цар, еден,

14орамскиот цар, еден; арадскиот цар, еден;

15царот на Ливна, еден; одоламскиот цар, еден;

16макидскиот цар, еден; ветилскиот цар, еден;

17царот на Тапујците, еден; еферскиот цар, еден;

18афечкиот цар, еден; саронскиот цар, еден;

19мадонскиот цар, еден; асорскиот цар, еден;

20симрон-меронскиот цар, еден; ахсавскиот цар, еден;

21танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден;

22кедескиот цар, еден; јокнаемскиот цар, кај Кармел, еден;

23дорскиот цар во Дорската Покраина, еден; гоимскиот цар во Галгал, еден;

24тераскиот цар, еден. Вкупно триесет и еден цар.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help