1Тогаш обичниот народ го зеде Јосиевиот син Јоахаз и го зацари во Ерусалим на местото на неговиот татко.
2Дваесет и три години му беа на Јоахаз кога се зацари. Царуваше три месеци во Ерусалим.
3Египетскиот цар го симна во Ерусалим и наложи врз земјата данок од сто сребрени таланти и еден златен талант.
4Египетскиот цар го постави за цар над Јудеја и над Ерусалим неговиот брат Елијаким, променувајќи му го името во Јоаким; неговиот брат Јоахаз беше земен од Нехао и одведен во Египет.
2. Јоаким во пленство во Вавилон5На Јоакима му беа дваесет и пет години кога се зацари. Царуваше единаесет години во Ерусалим; правеше што е зло во очите на Господа, неговиот Бог.
6Вавилонскиот цар Навуходоносор завојува против него и, откако го врза во двојни железни вериги, го одведе во Вавилон.
7Дел од посатките од Господовиот Дом ги однесе Навуходоносор во Вавилон и ги стави во својот дворец во Вавилон.
8Другите Јоакимови дела и гнасностите што ги правеше, и што се најде во него, сѐ е запишано во книжниот Свиток за израелските и за јудејските цареви. На негово место се зацари син му Јоахин.
3. Јоахин во пленство во Вавилон9На Јоахина му беа осум години кога се зацари, а царуваше три месеци и десет дена во Ерусалим; правеше што е зло во Господовите очи.
10При сменувањето на годината, царот Навуходоносор испрати повелба, та го одведоа во Вавилон со скапоценостите од Господовиот Дом, а над Јудеја и над Ерусалим се зацари неговиот брат Седекиј.
4. Нечесниот Седекија. Востание против Навуходоносор11На Седекија му беа дваесет и една година кога се зацари, а царуваше единаесет години во Ерусалим.
12Правеше што е зло во очите на Господа, неговиот Бог; не се смири пред пророкот Еремиј, кој му зборуваше од Господовата уста,
13туку уште и се побуни против царот Навуходоносор, кој го беше заколнал во Бога; остана тврдоглав и упорен во срцето, за да не Му се обрати на Господа, Израелевиот Бог.
14Па и сите свештенички главатари и народот грешеа многу следејќи ги гнасните дела на јазичниците, онечистувајќи го Господовиот Дом, посветен во Ерусалим.
б. Потсмевнување над испратените од Бога15Господ, Бог на нивните татковци, испраќаше кај нив рано Свои гласници, ги праќаше постојано, зашто му беше жал за Својот народ и за Своето Живеалиште.
16Но тие им се потсмеваа на Божјите гласници, презирајќи ги Неговите зборови и подигрувајќи се со Неговите пророци, додека не се подигна Господовата јарост против Неговиот народ, та веќе немаше лек.
в. Разурнување на Храмот и Ерусалим. Во вавилонско пленство17Го доведе против нив халдејскиот цар, кој ги стави под меч нивните младинци во домот на нивното Светилиште, не поштедувајќи ги ни младецот ни девојката, ни старецот ни немоќниот. Сѐ му предаде во рацете.
18Сите посатки на Божјиот Дом, големите и малите, сокровиштето на Господовиот Дом и царевото благо, богатството на неговите кнезови, сѐ однесе во Вавилон.
19Го изгореа Божјиот Дом и го соборија ерусалимскиот ѕид, и ги уништија сите негови скапоцености.
20Оние кои му избегаа на мечот на Навуходоносор, ги одведе во ропство во Вавилон. Им станаа робови нему и на неговите синови, додека не го снема Персиското Царство.
21За да се исполни словото што Господ го рече преку Еремиевата уста: „Додека земјата не им се оддолжи на своите саботи, ќе почива за сето време во пустина, додека не се исполнат седумдесет години.“
5. Кирова повелба за обновување на Храмот22Но во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни Господовото слово објавено преку Еремиевата уста, Господ го подигна духот на персискиот цар Кир, та тој разгласи по сето свое царство усно и писмено:
23“Персискиот цар Кир вели вака: ‘Господ, небескиот Бог, ми ги даде сите земни царства. Тој ми наложи да Му изградам Дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, неговиот Бог нека биде со него, па нека оди онаму!’“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.