МАРКО 1 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Проповед на Јован Крстител

1Почеток на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син.

2Како што е пишано кај пророците: „Ете, Јас го испраќам Сво-јот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат;

3гласот на оној, кој вика во пустината: ‘Пригответе го патот на Господа, израмнете Му ги патеките’.“

4Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно кршта-вање за проштавање на гревовите.

5И излегуваше при него целата Јудејска страна и сите ерусалимци; и тој ги крштаваше во реката Јор-дан, при што тие ги исповедуваа своите гревови.

6А Јован беше облечен во облека од камилски влакна и имаше кожен појас околу својата половина, и јадеше скакулци и див мед.

7И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки.

8Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.“

Исусово крштавање и искушение

9И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја, и Јован Го крсти во Јордан.

10И веднаш, додека излегуваше од водата, виде: како се отворија небесата и Духот како слегува над Него како гулаб.

11И се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син; во Кого Ми е милината!“

12Веднаш потоа Духот Го одведе во пустината.

13И беше во пустината четириесет дни, иску-шуван од сатаната. И беше меѓу ѕверови; и ангели Му служеа.

Повик на првите ученици

14А откако Јован беше предаден, Исус дојде во Галилеја, пропове-дајќи го Божјото Евангелие.

15И зборуваше: „Времето се исполни, и наближи Божјото Царство; покај-те се и верувајте во Евангелието!“

16И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде Симона и Андреја, братот Симонов, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа риба-ри.

17И Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!“

18И веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

19И кога одмина малку потаму ги виде: Јакова, Зеведеевиот син и брата му Јована - и нив во кораб - како ги крпат мрежите;

20и веднаш ги повика и, оставајќи го татка си Зеведеја со наемниците во коработ, тргнаа по Него.

Исусова проповед во Капернаум и во Галилеја, чуда

21И дојдоа во Капернаум и веднаш во саботата, влезе во синагогата и поучуваше.

22И ѝ се восхитуваа на Неговата наука, зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците.

23Тогаш, во нивната синагога беше човек, опфатен од нечист дух, и извика

24велејќи: „Ах! Што имаме ние со Тебе, Исусе Назарејче? Дали дојде да нѐ погубиш? Знам Кој си Ти: Божји Светец!“

25И Исус му се закани: „Молкни и излези од него!“

26И нечистиот дух го стресе, извика со висок глас и излезе од него.

27И сите се зачудија, така што се прашуваа еден со друг, велејќи: „Што е ова? Нова наука - полна со сила! - Им заповеда и на нечистите духови и тие Му се покоруваат!“

28И веднаш се разнесе глас за Него на сите страни, по целата галилеј-ска околина.

29И штом излезе од синагогата, дојде во куќата на Симона и Андреја, со Јакова и Јована.

30А Симоновата тешта лежеше од тре-ска, и веднаш Му рекоа за неа.

31Тој ѝ пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската ја остави, па им служеше.

32А приквечер, по зајдисонце, Му ги доведоа сите болни и бесни

33и целиот град се собра пред вратата.

34И исцели мнозина, кои страдаа од разни болести: и истера многу бесови, и не им одобри на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја.

35А наутро, додека уште беше темно, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.

36А Сим-он и оние, кои беа со него, поитаа по Него,

37и кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“

38И им одговори: „Да одиме: во соседните села, да проповедам и таму, зашто затоа и излегов.“

39И дојде, пропо-ведајќи - во нивните синагоги по цела Галилеја - и изгонувајќи ги бесовите.

Очистување на лепрозен

40И дојде при Него еден лепрозен, молејќи Го и коленичејќи, Му зборуваше: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“

41И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!“

42И веднаш лепрата отиде од него и стана чист.

43И предупредувајќи го строго, веднаш го отпушти

44и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажеш! Туку оди, покажи му се на свештеникот, и принеси за своето очистување она, што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.“

45А тој, штом си отиде, почна да разгласува многу и да раскажува за наста-нот, така што Исус не можеше веќе јавно да влезе во град; туку беше надвор, по пусти места; а доаѓаа кај Него од сите страни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help