ИСАИЈА 39 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Г. Немудра постапка на Езекија1. Фалење со свои богатства

1Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Валадан, синот Валаданов, му испрати на Езекија писмо со подарок, зашто беше чул дека бил разболен и дека оздравел.

2Езекија се израдува на тоа и им ја покажа на пратениците својата ризница, среброто, златото, пријатните мириси и мирисливите масла - својата оружница и сѐ што беше во складиштата. Немаше ништо во неговиот дворец и во целото негово господарство што Езекија не им го покажа.

3Тогаш пророкот Исаија дојде при царот Езекија и го праша: „Што рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе? „Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон.“ Исаија праша понатаму: „Што видоа во твојот дворец?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дворец; нема ништо во моите сокровишта што не им покажав.

2. Претскажување на вавилонското заробеништво

5Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го словото на Господа над Воинствата:

6‘Еве доаѓаат денови кога сѐ што е во твојот дворец сѐ што твоите татковци насобраа до денес, ќе биде однесено во Вавилон. Ништо не ќе остане’, вели Господ.

7‘А од синовите што ќе произлезат од тебе, кои ќе ти се родат, некои ќе земат за да му бидат скопени дворјани на вавилонскиот цар.’“

8Езекија му одговори на Исаија: „Добро е словото што Господ ти го објави.“ А мислеше: „Барем ќе биде мир и безбедност за време на мојот живот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help