1Смилувај ми се мој Боже, зашто човекот сака да ме проголта; мојот напаѓач непрекратно ме угнетува.
2Моите непријатели се нафрлаат врз мене секој ден; мнозина се оние, што војуваат против мене.
3Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам.
4Во Бога јас ќе го фалам Неговото слово; јас се надевам на Бога и нема да се плашам, што може да ми направи смртник?
2. Злоба на непријатели5Од утро до вечер, ми ги изопачуваат зборовите; сите нивни помисли се зло за мене.
6Се состануваат и дебнат; внимаваат на моите чекори; за да ја уловат мојата душа.
7Плати им според беззаконието, о Боже, со гнев обори ги незнабошците!
3. Небојажлива надеж на Бога8Ти ги изброи дните на моите скитања, ги собра моите солзи во Твојот сад; не е ли запишано сѐ во Твојата книга?
9Моите непријатели ќе се повлечат, штом ќе Те повикам. Од ова знам дека Бог е за мене!
10Го славам Божјото слово, го славам Господовото слово.
11Се надевам на Бога и нема да се плашам: што може да ми направи човек?
4. Благодарност за избавување12Ме врзуваат заветите што Ти ги направив Тебе, о Боже, ќе Ти принесам благодарни жртви,
13зашто ми ја спаси душата од смрт. Ти ги запази моите нозе од паѓање за да одам пред Бога, во светлината на живите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
