1Бог е познат во Јудеја, Неговото име е величествено во Израел!
2Неговото живеалиште е во Салим, а престојувалиштето на Сион.
3Тој ги искрши таму: огнените стрели на лаковите, штитовите, мечевите, и оружјето бојно.
4Блескав си од светлина, повеличествен од древните планини.
5Ограбени се оние што имаа тврдо срце, и го сонуваат својот сон - им онемоштија рацете на сите храбри.
6Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија колите и коњите.
7Ти си страшен, и кој може да опстане пред жестокоста на Твојот гнев?
8Ја изрече пресудата од небото, земјата се стресе и занеме од страв;
9кога Бог стана да суди, да ги спаси кротките на земјата.
10Зашто ќе Те прославува и бесот на човекот и со остатокот на бесот Ти се завиткуваш.
11Заветувајте се и исполнувајте ги заветите на Господа, вашиот Бог; сите, околу Него, нека му донесуваат дарови на Достојнопочитуваниот.
12Кој ја зауздува гордоста на кнезовите, Кој е страшен за царевите на земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
