1Господ царува, облечен во величество, Господ облечен во сила и опашан: Вселената стои цврсто, нема да се разниша:
2Твојот престол е утврден одамна, Ти си од вечноста!
3Господи, реките ги издигнаа, реките ги издигнаа своите гласови; реките ги издигнаа своите бранови.
4Појак од шумот на многуте води, посилен од морските бранови: силен е Господ во висините.
5Твоите сведоштва се предостојни за вера, светоста е украс на Твојот Дом, Господи за секогаш!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
