1Човекот кој по опомената останува тврдоглав, во миг ќе се скрши и нема да му има лек.
2Народот се радува кога се умножуваат праведниците, а народот воздивнува, кога ќе завладеат нечесните.
3Човек кој ја љуби мудроста, го радува татка си, а кој се дружи со блудниците, го растурува имотот.
4Царот ја одржува државата со правда, а ја разурнува кој бара подароци.
5Човек кој му ласка на својот ближен, им простира мрежи на неговите стапки.
6Во гревот е стапицата за лошиот човек, а праведникот ликува и се весели.
7Праведникот го разбира правото на бедните, а нечесниот не вникнува за да сфати.
8Потсмевачите го запалуваат градот, а мудрите го стивнуваат гневот.
9Кога мудриот спори со безумникот, или да се гневи, или да се смее, сеедно, нема мир.
10Крвопијците го мразат чесниот, а праведниците се грижат за неговиот живот.
11Безумникот го излева сиот свој гнев, а мудриот го воздржува.
12Ако владетелот послуша лажлив збор, сите негови слуги стануваат нечесни.
13Сиромавиот и дерикожецот се среќаваат, Господ ги просветлува очите на двајцата.
14Цар кој им суди на бедните според правдата, има цврст престол довека.
15Прачката и изобличувањето даруваат мудрост, а разузданото дете ја срами својата мајка.
16Кога се множат нечесните, се множи и беззаконието, но праведниците ја набљудуваат нивната пропаст.
17Изобличи го својот син, и ќе те успокои и ќе ѝ даде радост на твојата душа.
18Каде нема откровение пророчко народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен!
19Само со зборови не се поправува слугата, зашто не се покорува, иако сфаќа со умот.
20Дали си видел човек брз на зборови? И безумникот има повеќе надеж од него.
21Кој го мазни својот слуга од детство, после ќе му биде како син.
22Гневливиот човек предизвикува препирки, а избувливиот човек прави многу гревови.
23Гордоста го понижува човекот, а смирениот во дух придобива чест.
24Кој со крадец дели плен, се мрази самиот: слуша проклетства и ништо не открива.
25Стравот му поставува стапица на човекот, а кој се надева на Господа, наоѓа закрила.
26Мнозина ја бараат милоста на владетелот, но Господ дели правда секому.
27Неправедникот им е омразен на праведните, а праведникот е омразен на нечесните.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.