1Во четвртата година на царот Дариј, во четвртиот ден на деветиот месец, Хаслев, му дојде Господовото слово на Захарија.
2Имено Ветил ги испрати Сар-Асар и Реге-Мелех со нивните луѓе да го молат Господовото лице
3и да ги прашаат свештениците во Домот на Господа над Воинствата и пророците: „Дали да плачам во петтиот месец и да постам како што правев веќе толку години?“
2. Четврти одговориа. Лицемерство на пост на народ и свештеници4Тогаш ми дојде Господовото слово: „Речи им на сиот народ во земјата и на свештениците:
5‘Кога постите и тажите во петтиот и во седмиот месец веќе седумдесет години, зар Мене Ми постите?
6А кога јадете и пиете, зар не јадете и пиете за себе?
7Не се ли тие прописите што Господ ги објави преку некогашните пророци кога Ерусалим беше населен и мирен како и градовите околу него, и кога беа населени Негев и Шефел?’“
б. Расејување - плод на угнетување8Господовото слово му дојде на Захарија:
9„Господ над Војските зборува вака:
‘Судете справедливо и бидете милостиви и сострадателни едни кон други.
10Не угнетувајте ги вдовицата ни сиракот, ни придојденикот ни бедниот, и не смислувајте зло во срцето еден против другиот.’
11Не, тие не сакаа да послушаат, туку упорно ги свртија плеќите; ги затнаа ушите за да не чујат;
12окоравеа со срцето како камен, за да не ги чујат Законот и зборовите кои им ги праќаше Господ над Воинствата, со Својот Дух, преку древните пророци, и Господ над Војските тогаш се разгневи силно.
13И затоа, како што Тој ги викаше а тие не Го слушаа, така сега тие викаат а Јас не ги слушам - говори Господ над Војските.
14И ги распрснав меѓу сите народи кои не ги познаваа, а земјата зад нив беше запустена, та никој не поминуваше низ неа ниту се враќаа. Така земјата на благосостојба ја претворија во пустина!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
