1Тогаш Валдад од Шуах проговори и рече:
2„Господството и стравот се во Неговата рака и Тој создава мир во Своите висини.
3Зар можат да бидат изброени Неговите чети и врз кого не изгрева Неговата светлина?
4Па како може човек да биде праведен пред Бога, и родениот од жена, како може да биде чист?
5Ете, и месечината ја губи својата светлина пред Него, за Неговите очи ѕвездите не се чисти.
6Што да се рече тогаш за човекот, за тој црвец, за човечкиот син - бедно црвче?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
