1Дајте Му на Господа, о Божји синови, дајте Му на Господа слава и сила!
2Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име, поклонете Му се на Господа во светата убавина!
2. Божја сила во бура3Господовиот глас е над водите, Бог на славата грми, Господ е над многу води!
4Господовиот глас е силен, Господовиот глас е величествен.
5Господовиот глас ги крши кедрите, Господ ги крши ливанските кедри.
6И скокаат од Него: Ливан како теле, а Сирион како младо биволче!
7Господовиот глас цепи пламени секавици,
8Господовиот глас ја растресува пустината, Господ ја растресува пустината Кадис.
9Господовиот глас прави кошутите да се осрнат, и ги разголува горите; и во храмот Негов секој вели: „Слава!“
3. Молитва за благослов10Господ царува над водните бранови, Господ седи на престолот како Цар засекогаш!
11Господ му дава сила на Својот народ, Господ го благословува Својот народ со мир.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
