1Бог да ни се смилува и да нѐ благослови, да нѐ осветли со Своето лице,
2за да го запознае целата земја Твојот пат, сите народи Твоето спасение!
3Нека Те слават народите, Боже, нека Те слават сите народи!
4Нека се веселат и воскликнуваат народите, зашто им судиш на народите со правда и ги водиш народите на земјата.
5Нека Те слават народите, Боже, нека Те слават сите народи!
6Земјата роди плод! Бог нѐ благослови, нашиот Бог!
7Да нѐ благослови Бог! Нека се бојат од Него сите краишта на земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
