ИСАИЈА 18 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

Ѓ. Пророштво за Етиопија

1Тешко ти земјо со крилести бубачки, отаде етиопските реки,

2тебе - која испраќаш гласници по море, и по вода во рогозови бродови: „Одете, брзо брзоодци, кон високиот народ, со темна кожа, кон народот од кого се бојат отсекогаш, народ жилав, завојувачки, чија земја е избраздена со реки.“

3Сите жители на земниот круг, и вие, жители на земјата, кога ќе се дигне знамето на ридот, гледајте; кога рогот ќе затруби, слушајте.

4Зашто вака ми зборува Господ: „Мирно ќе гледам од Своето место, како пладневната проѕирна жега, како росен облак за време на жетвената горештина.“

5Пред бербата, кога лозјата процветуваат, и цветот узрева во гроздови, со ножеви ќе ги пресечат подниците, ќе ги подврзат, ќе ги отстранат гранките.

6Сите ќе им бидат оставени на горските грабливци и на земните ѕверови. Грабливците ќе летуваат во нив и земните ѕверови ќе зимуваат.

7Во она време висок и темнокожен народ, народ од кого се бојат отсекогаш, жилав и завојувачки народ, чија земја е избраздена со реки, ќе Му донесува дарови на Господа над Воинствата, при местото на Името на Господа над Војските - на гората Сион.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help