ПСАЛМИ 145 - Библи?а: Стариот и Новиот Завет, Константинов(MKB)

1. Господово величиеДавидова благодарност.

1Ќе Те прославувам о Боже, мој Царе, ќе го благословувам Твоето име секогаш и довека.

2Ќе Те славам секој ден, ќе Го фалам Твоето име секогаш и довека.

3Господ е велик и достоен за секоја пофалба, Неговата величина е недостижна!

4Од поколение во поколение се фалат Твоите дела и се навестуват Твоите силни дела.

5Ќе зборувам за блескавата слава на Твоето величие, и за Твоите чуда.

6Кажуваат за страотната сила на Твоите дела, јас ќе ја раскажувам Твојата величина.

7Го разгласуваат споменот за Твојата голема благост, и ја опеваат Твојата правда.

2. Господова милост

8Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.

9Господ е благ за сите, милостив за сите Свои дела.

10Нека Те слават, Господе, сите Твои дела, и твоите свети нека Те благословуваат!

11Нека зборуваат за славата на Твоето Царство, нека говорат за Твојата сила.

12Да ги објават на човечките деца: Твојата сила и славата на Твоето прекрасно Царство.

13Твоето царство е вечно Царство, Твоето владеење за сите поколенија.

3. Господова дарежливост

14Господ ги поткрепува сите кои паѓаат и Тој ги исправа наведнатите.

15Очите на сите се свртени кон Тебе, Ти им даваш храна во право време.

16Ти ја отвораш Твојата рака, и наситуваш желбата на сѐ живо.

17Праведен Си, Господи, на сите Твои патишта, и добар Си во сите Твои дела.

18Господ е близу до сите кои Го повикуваат, до сите што Го призиваат искрено.

19Тој ги исполнува желбите на оние кои се бојат од Него, ги слуша нивните повици и ги спасува.

20Господ ги пази оние, кои Го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници.

21Нека мојата уста искажува фалба на Господа, и секое тело нека Го слави Неговото свето име, секогаш и довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help