1Зборувате ли вистина, правда, вие силници, праведно ли судите, човечки синови?
2Не, туку смислено беззаконие правите, вашите раце делат неправда по земјата.
3Безбожниците се на крив пат уште од раѓањето, лагачите се на крив пат од мајчината утроба.
4Во нив е отров како во змијата, како во лутица што ги затнува ушите,
5за да не го чуе волшебниковиот глас, ни гласот на бајачот што вража искусно.
2. Нивна осуда6О Боже, скрши им ги забите во устата, о Господи, здроби им ги вилиците на лавчињата!
7Нека се излеат како водите што истечуваат, кога ќе го растегнеш својот лак, нека бидат како обезглавени.
8Нека исчезнат како полжав што се топи лазејќи, нека не видат сонце како пометнато новороденче.
9Пред котлите ваши да го почувствуваат трњето, виорот нека го однесе додека е зелено.
10Праведникот ќе се израдува кога ќе ја види одмаздата, нозете ќе ги измие во крвта на злосторникот.
11И ќе речат луѓето: „Праведникот го доби својот плод! Навистина има Бог, Кој суди на земјата!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
