1Елиу ја продолжи својата беседа и рече:
2„Зар ти мислиш да го браниш своето право, да ја докажуваш праведноста пред Бога,
3кога Му велиш: „Зошто ти е важно тоа, ако грешам, што Ти чинам со тоа?“
4Јас ќе ти одговорам тебе, на сѐ тоа, и на твоите пријатели едновремено.
5Погледни на небото и набљудувај! Гледај ги облаците: повисоки се од тебе!
6Ако грешиш, што направи против Него, што Му зададе со своите престапи?
7Ако си прав, зошто дојде при Него и што добива Тој од твојата рака?
8Твојата нечесност ги повредува сличните на тебе, и твојата правда му ползува на човекот.
9Но кога стенкаат под тешкиот јарем, кога викаат заради насилството на моќните,
10никој не вели: „Каде е Бог, мојот Творец, Кој ја исполнува ноќта со весела песна.
11Нѐ прави поумни од земните ѕверови и помудри од небесните птици?“
12Тогаш викаат, но Тој не одговара заради гордоста на злосторниците.
13Но колку е суетно да се тврди дека Бог не ги слуша нивните викови, дека Сѐдржителот не свртува поглед на нив!
14А камоли кога ти велиш допрва: „Тој не ме гледа, мојата парница стои пред Него, а јас уште чекам на неа.“
15Или: „Неговата лутина не казнува, тој воопшто не се грижи за престапите.“
16Тогаш Јов напразно ја отвора устата и натрупува неразумни беседи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
